Ја пушти косата и ги осветли краевите: Ника Тошиќ воодушеви со изгледот, комплиментите не престануваат (ФОТО)
Ника Тошиќ, помладата ќерка на пејачката Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Има армија следбеници, воглавно тинејџери, а најчесто објавува видеа од својата соба во луксузната вила на Дедиње.
Некогаш носи фустани од мама, некога дрес, бидејќи од татко ѝ ја има наследено љубовта кон фудбалот. Овој спорт го тренира, иако сега, во „лудите години“, предност имаат некои други работи.
На едно од видеата кои 13-годишната тинејџерка го објави на ТикТок, може да видиме дека малку го има променето имиџот и дека очигледно ѝ се допаѓа долгата коса, која веќе некое време ја носи. Веруваме дека сѐ почесто го ѕирка и сефот со шминки на мајка ѝ.
фото: Принтскрин / Инстаграм