Ја тепал додека биле деца: Приказната за сестрата на Хитлер

Ја тепал додека биле деца: Приказната за сестрата на Хитлер

Објавена во: Совети // Семејство

Паула Хитлер во 1930 година добила отказ од осигурителната компанија во која работела во Виена. Била вреден работник и сметала дека нејзината компанија ја цени. Не знаела зошто добила отказ. Причината била во нејзиното презиме, типично германско презиме која таа го пишувала на тој начин, но нејзиниот брат го пишувал поинаку.

Паула Хитлер е помала сестра на најомразениот човек во историјата, во тој момент не знаела во што се претворил нејзиниот брат, а иако биле во контакт, не живееле заедно, а се гледале можеби еднаш до два пати во годината. Пред да стане позната како сестра на големиот лидер, Паула била најмладото дете во типичното семејство од средниот слој во Германија.

Родена е на 21 јануари 1896 година како најмладо дете на Алоис и Клара Хитлер и „вистинска“ сестра на Хитлер. Нивниот татко имал уште еден брак од кој добиле уште двајца полубраќа. Кога имала шест години татко и умрел, па нејзината мајка Клара била приморана да преземе се. Од својот семеен дом во Леондинг се преселиле во скромен стан во Линз и така скромно живееле неколку години, од пензијата на Алоис.

Пет години по смртта на татко им, починала и нивната мајка. Во 1906 година забележала грутка на градата, но ја игнорирала. Семејниот лекар конечно ја прегледал и утврдил дека има рак на дојка, но на неа не и кажал. Таа грозна вест им ја препуштил на нејзините мали деца. Па така најстариот Адолф таа вест и ја пренел на својата сестра и мајка, Клара, која се насочила кон верата. Паула имала само 11 години и започнала многу да се потпира на својот седум години постар брат.


По смртта на мајка му Адолф се преселил во Виена, а Паула останала во семејниот стан во Линз. Живееле од татковата пензија, како и од малата стипендија која ја добиле. Адолф подоцна се откажал од својот дел и го препуштил на младата сестра. Паула живеела мирен живот, се фокусирала на својата егзистенција и му пишувала писма на Адолф, кој внимателно ја грдел својата кариера.

Кога имала дваесетина години, Паула се преселила во Виена. Некое време работела како домаќинка кај богато семејство во Виена, но и во еврејскиот студенстки дом. По таа работа започнала да работи како секретарка низ цела Виена, а за време на војната работела како секретарка во воената болница.

За нејзините политички ставови се знае малку, освен што е познато дека соработувала со Евреите, никогаш не се приклучила кон нацистите или на било кој начин да покаже склоност кон брат си.

Неодамна е откриено дека на почетокот на Втората светска војна била верена со Ервин Јекелиус, офицер од Третиот Рајх и еден од ентузијастичните нацистички шефови, одговорен за испраќањето на најмалку 4000 луѓе во гасните комори. Нивниот брат го забранил Хитлер, кој го уапсил Ервин и го пратил на источниот фронт. Таму умрел како советски затвореник во воениот логор.

Иако не ги делела, а ни поддржувала идеите на својот брат, таа го обожавала. Напоменувала дека само повремено се гледале откако се преселил, но дека таа уживала во тие средби. Во интервју за американската војска од 1946 година кажала дека не верува дека нејзиниот брат наредил уништување на толку милиони луѓе. Тоа не бил братот кој таа го познавала.

Но, изгледа дека имале бурно растење. Како што нивниот татко го тепал Хитлер, така тој почнал да ја тепа својата сестра по смртта на мајка си. Верувала дека тоа е поради нејзинито образование, и дека тој само ја задржува на вистинскиот пат.


Покрај тоа покажал дека има малку љубов и приврзаност кон помладата сестра. Откако останала без работа поради поврзаноста со него, тој финансиски ја издржувал. За време на војната, се до неговото самоубиство и праќал пари и се грижел за нејзината состојба.

По војната, Паула ја уапсиле американските разузнавачи и ја задржале на испрашување. Им кажала дека брат и за време на минатата деценија го гледала само еднаш или два пати годишно, а Ева Браун само еднаш.

Откако ја пуштиле од притвор, се вратила во Виена каде што благодарение на својата заштеда живеела некое време. Кога ги потрошила сите пари, се вработила во локална продавница. Во 1952 година се преселила во град во планините надвор од Салцбург и го променила името во Паула Волф.

Презимето немало никаква јасна поврзаност со нивниото семејство, но Паула ја знаела поврзаноста. Тоа било прекар на нејзиниот брат додека биле деца, а го користел како кодирано име.

Додека живеела во планините внимателно ја надледувале членовите на Советскиот сојуз, како и преживеаните членови на неговиот блозок круг, најверојатно без нејзино знаење.

Поголемиот дел од својот живот се држела далеку од луѓето и избегнувала социјални контакти. Можеби се плашела од третманот кој ќе го добие кога луѓето ќе дознаат со кој е семејно поврзана, а можеби ни самата не можела да се помири со тоа што нејзиниот брат го направил, оној со кој заедно пораснала и станал чудовиште.

Но, во 1959 година се согласила на едно интервју кое некогаш го дала. Петер Морлеј од Аssociated - Rediffusion и се јавил со интерес за животот на сестрата на Хитлер. Оригиналното германско интервју е изгубено, но англиската верзија е останата.


Повеќе разговарале за растењето со Хитлер, а сите политички прашања индиректно ги избегнувала. Од тој разговор било јасно дека таа го обожава својот постар брат и постојано нагласувала дека не може да верувара во тоа што го направил.

„Многу го почитуваше и мислам дека доколку кажев некоја критика, таа ќе го заштитеше. Таков впечаток добив. Чувствуваше дека е нејзина должност да го заштити“ - подоцна изјавил новинарот.

Од нивните денови се присетила дека Хитлер секогаш морало да биде лидер, која игра и да ја играле.

„Мојот брат секогаш беше лидер. Сите останати го правеа тоа што тој им го кажуваше. Можеби инстиктивно чувствувале дека неговата воља е посилна од нивната“ - вели таа.

Починала во 1960 година, на 64 години. Со тоа е завршена лозата на Хитлер, освен наследниците на неговите полубраќа. Тоа било крај на една тивка ера, еден тивог живот, на жената која носеше презиме кое засекогаш ја потсетувало на братот и на стравични работи кои ги правел.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: