(ВИДЕО) Ја „запали“ сцената: Мила ѝ покажа на Европа како се пее во Македонија

(ВИДЕО) Ја „запали“ сцената: Мила ѝ покажа на Европа како се пее во Македонија

Објавена во: Stars // Музика

17 - тата по ред Јунироска Евровизија започна спектакуларно како што му доликува на еден музички настан од светски размери. 

Како што одлучи ждрепката, без измени, нашата претставничка Мила Москов настапи под редниот број 4. „Fire“ која е дело на братското дуо Магдалена Цветковска - Ена и Лазар Цветковски, ја отпеа на маестрален начин.

На сцената беше сама, исто како и на генералните проби. Иако рацете и трепереа од возбуда, 14 - годишната Мила не дозволи тремата да се забележи во својот глас.

Со својата изведба ги воодушеви сите присутни и измами огромен аплауз. Ефектите на сцената дадоа дополнителен опис на содржината на песната. Мила беше облечена во боите на огнот, а мејкапот и миникирот исто така се потрудила да одговараат на темата на нејзината песна.


Како потсетување можевме и ние да гласаме за нашата Мила, а победник ќе биде оној кој ќе ја добие поддршката од жирито и публиката, бидејќи гласовите ќе бидат 50 - 50.

Стискаме палци за нашата Мила.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: