Јана Бурческа откри со што би се занимавал нејзиниот син: Малиот Дарин тргна по стапките на мама (ФОТО)
Иако на социјалните мрежи не го експонира премногу приватниот живот, пејачката и водителка Јана Бурческа понекогаш знае да нѐ изненади и да ни покаже како нејзе и на нејзиното семејство им поминуваат деновите.
Сега, се случи една од тие ретки ситуации кога Јана сподели фотка од едно од нејзините деца, поточно од нејзиниот син Дарин. Имено, таа го имаше уловено својот наследник со листот за најави од Македонската Радио Телевизија.
Од ваков лист со логото на нашиот национален сервис, Јана се потсетува на текстот додека ја води емисијата „Стисни плеј“. Дали ова е доказ дека малиот Дарин има афинитети кон водителството и дека полека, но сигурно почнува да се вљубува во оваа професија, останува да видиме кога ќе порасне.
Пејачката и водителка Јана Бурческа и сопругот Александар со кој е во брак неколку години, се горди родители на ќерката Дона и малиот Дарин.
Сите велат дека Дона е „плукната“ на Александар. Дали е така и по карактер или сепак личи на мама Јана - во неодамнешно интервју за Женски магазин, Јана ни откри:
“Во однос на физикусот на Дона едноставно „немам шанси” со Александар (се смее), меѓутоа во карактерот ми се чини дека е комбинација од двајцата. Упорна и решителна како тато, креативна и муабетчика на мама. Велат дека синовите се на мама, но во секој случај овде ќе речам дека најважно е — секако — детенцето да е здраво и живо.“
Дарин многу потсетува на својата сестричка Дона, за која во многу наврати сме пишувале дека е копија на тато Александар.фото: Принтскрин / Инстаграм