Јас не се срамам, поради тоа што крварам, јас сум само една жена која се прифаќа себе

Јас не се срамам, поради тоа што крварам, јас сум само една жена која се прифаќа себе

Циклуси. Тие го означуваат крајот на една животна приказна и почетокот на нешто ново. Секоја етапа од нашиот живот е прекрасна на свој начин, секоја остава некаков белег врз нас како личности, нѐ расте и нѐ созрева подготвени да го дочекаме реалниот свет. Кај жените, еден од посебно значајните животни циклуси е оној кој ја најавува женственоста. Да, менструацијата! 

Менструалниот циклус кај жените е едноставно неизбежен, а уште повеќе избегнувањето на разговорите околу него. Да, ние сме девојки уште од нашето раѓање  и стануваме жени во одреден период од животот.  Некои порано, некои подоцна, но речиси секое женско битие ја поминува оваа фаза во животот. Менструацијата е совршено нормална биолошка функција и не постои реална причина да чувствуваме како да треба да се преправаме дека тоа не се случило.

Кога станува збор за менструалниот циклус, не постои генерализација или „by the book” искуство. Сечие тело е различно и сите ние ја доживуваме оваа појава  на поинакви начини. Менструалното доживување само по себе е комплексно, но неговото споделување со другите може само да ни помогне, а не да не издвои од целината.

Мора да научиме да ја тргнеме стигмата кога станува збор за отворен разговор во врска со нашиот циклус. Нашето природно функционирање не смее да биде табу. Опкружени сме со ограничувања кои ни се наметнати уште од запознавањето со терминот „менструација”, односно дека е општо прифатено да го прикриваме овој термин при комуникација, или пак да споделиме дека навистина боли. Но, тоа да не биде  гласно кажано. 


Јас не се срамам, поради тоа што крварам – јас сум само една жена која се прифаќа себе, во свет кој има ја заборавено дефиницијата за прифаќање. Започнете од некаде и бидете секогаш на страна на природата, прифатете се и додадете сила кога кажувате дека сте добиле менструација. Вие сте токму тоа влијание, кое сите ние го бараме.


*Биди спремна за твојата следна менструација- FIXIE ти дава дополнителна заштита, потполна удобност, комфор во движење и естетика!


Можеби ќе ве интересира: