Јавно удрија по Селена Гомез во една емисија: Пејачката остро им одговори на Твитер
Селена Гомез имаше трансплантација на бубрег во 2017 година...
Селена Гомез јавно им одговори на прозивките поради шегата која ја направија на нејзина сметка. Имено, ова не е првпат некој јавно да удри по неа поради трансплантацијата на бубрег која ја направила пред неколку години, бидејќи имала автоимуна болест која ги оштетува органите и ткивата во телото.
„Тоа беше она што требаше да го направам за своето здравје“ - рече таа тогаш. Бубрегот ѝ го донираше нејзината најдобра пријателка Франсија Рејса, која и реагираше на првите прозивки на Селена во јавноста поради нејзината трансплантација. Но, изгледа дека на Селена овој пак ѝ дојде преку глава, бидејќи овој пат таа сама одлучи да застане во своја одбрана и да одговори на прозивките.
Инаку, во познатата емисија „The Good Fight“ во текот на разговорот за културата „cancel“ ја спомнаа и нејзината трансплантација на бубрег - тоа очигледно требаше да значи дека Селена лаже и дека никогаш немала трансплантација? Обожавателите на Селена набрзо потоа почнаа да реагираат на социјалните мрежи, а набрзо се огласи и самата таа: „Не сум сигурно како пишувањето на вицови за трансплантација на орган стана „работа“ за на телевизиска емисија, но жал така е. Се андевам дека во следната продуцентска соба, кога ќе се претстави една од таквите невкусни шеги, веднаш ќе се реагира и нема да се пушти емисијата“ - напиша Селена.
„Моите обожаватели секогаш стојат зад мојот грб. ВЕ САКАМ: Ако можете да се пријавите за донација на органи, пријавате се“ - додаде таа и стави линк за пријава.
My fans always have my back. LOVE YOU. If you are able to please sign up to be an organ donor https://t.co/4GSEiHEfEf
— Selena Gomez (@selenagomez) August 3, 2021