Јелена Ѓоковиќ го прекори Бака Прасе: Промовираш материјални работи и вулгарен си
Јутјуберот сакаше да сними видео со најдобриот српски тенисер, па јавно го откри наводното допишување со сопругата на Новак, преку кое сакаше да дојде до Ѓоковиќ...
Еден од најпопуларните српски јутјубери, Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, редовно објавува авантури на својот канал, интересни приказни што му се случиле во претходниот период. Па сега на оваа листа е приказната кој се случувала во моментот кога официјално станал „број еден“ според бројот на следбеници балканската Јутјуб листа.
Имено, Бака Прасе имал идеја да сними видео со Новак Ѓоковиќ додека бил во Србија, на тема: „Средба со првиот човек на српскиот Јутјуб и првиот тенисер на АТП - листата“. Имал желба да се фотографира со Новак, а потоа решил да и се јави на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, со цел побрзо и полесно да дојде до него.
„Знам дека ова е голема работа, но дали има можност да се сликам со Ноле во одреден момент? Тоа би бил хит, бидејќи јас сега сум број еден на Јутјуб, а тој е во тенисот. Го гледам често во ресторанот. Се прашував дали има можност да се фотографира во мојата тренерка, но прифатив дека нема да оди. Но, мојата идеја е да се фотографираме“ - Бака Прасе ја прочита пораката што и ја испратил на сопругата на Ѓоковиќ, Јелена, и потоа откри каков одговор добил од неа.
„Ха-ха-ха, глупав си! Слушај, накратко, ти си најдобриот јутјубер. Браво, тоа е одлична работа. Честитки од сѐ срце. Си се изборил за нешто што е важно за тебе. Јас секогаш ги следам младите луѓе и сум слушнала за вас, сепак, вредностите што ги нагласувате не се совпаѓаат со она во што ние веруваме. Избра да промовираш материјални работи и малку повулгарен начин за изразување на некои од твоите цели. Ние одиме по друг пат. Тоа не значи дека тоа што го имаш избрано не носи резултати…“ - ја прочита Бака Прасе пораката што наводно ја добил од Јелена Ѓоковиќ.