Кајли Џенер и Тревис Скот повеќе не се заедно?
Кајли Џенер и Тревис Скот си земаа кратка пауза по две години врска, јавува TMZ. Наводно двајцата изјавиле дека отсега се „сингл и дека едноставно одлучиле да и дадат време.
Последното заедничкото појавување им беше кон крајот на август, кога се појавија на премиерата на неговиот филм „Look Mom, I Can Fly“.
TMZ пишува дека парот некое време пробува да „поработи на својата врска“, но дека сепак се одлучиле да се разделат на неколку дена. Но, со оглед на тоа што тие двајца и порано беа на пауза и на крајот сепак успеаа да ги средат несогласувањата, можно е и овој пат да се смират.