Кајли Џенер симната од тронот на Инстаграм: По долго време повеќе не е најследената женска личност на светот (ФОТО)
Па како ѝ се случи тоа?
Кајли долго беше на тронот на Инстаграм, па така дојде време некој нов да го заземе нејзиното место. Навистина долго време ја носеше титулата женска личност со најмногу следбеници на оваа социјална мрежа.
Кајли отсекогаш има објави кои се помалку провокативни и знае да го користи Инстаграмот како место каде открива некои свои големи новости. Или на луѓето со текот на времето им здодеа или повеќе не им се интересни нејзините објави, но по долго време конечно се случи Кајли Џенер да не е најследената женска личност на Инстаграм. Досега беше пред сите свои сестри по бројот на следбеници и ниту една не можеше да ја стигне. А, не успеа ни сега, бидејќи од тронот не ја симна никој од нејзиното семејство, иако можеби прво помислиевте на нешто такво. кајли моментално има 380 милиони следбеници, но Селена Гомез ја надмина со дури 381 милиони следбеници.
Селена отсекогаш имала многу следбеници и обожавателите ја сакаат, бидејќи објавите не ѝ се толку наместени и професионални, туку покажува и моменти од својот живот, селфиња кои не се уредени до непрепознатливост во Фотошоп, а сака да ги покаже и своите природни изданија. изгледа дека нејзините содржини сега повеќе им се допаѓаат на луѓето. Водството засега го држи прилично цврсто.
Селена дури призна дека не е ниту некој голем обожавател на социјалните мрежи и дека на нив поминува многу малку време. Им испраќа на своите асистенти што сака да споделат и тоа е тоа. Не е тип на личност кој ќе скрола и ќе гледа какви објави се сега популарни или кој што ѝ пишува во коментари. Но сепак, иако не е воопшто обожавател на социјалните мрежи, успеа да стане женска личност со најмногу следбеници на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм