Кајли Џенер во својата природна ера: Еве како изгледа без шминка и филери во устата
Ги воодушеви нејзините следбеници со поприроден изглед...
Кајли Џенер се прослави со големите усни. Иако тоа не е нејзиниот природен изглед, тоа е изглед кој го следи со години. Сега таа ги отстрани филерите и го покажа својот најприроден можен изглед.
Дури ни Кајли Џенер во слободното време, кога не снима ништо за социјалните мрежи или реалното шоу „Кардашијан“, не личи на Кајли од социјалните мрежи. Таа изгледа многу помладо без шминка, а сега ги отстрани филерите од усните. Таа изгледа поприродно од сите изминати години и на нејзините следбеници навистина им се допаѓа и ја фалат што конечно влезе во нејзината природна ера.
Кога на новите фотографии ќе ја видите со поголеми усни, едноставно нејзината шминкерка одлично ги прецртала и визуелно ги направила поголеми со помош на шминка. Кога се ќе се отстрани од лицето, тогаш ова е природната Кајли. Погледнете ја трансформацијата со шминка vs. без ништо.
Изгледа навистина убаво! Кајли еднаш призна дека кога се шминка многу, сите ја обвинуваат дека се шминка премногу, а кога папараците ќе ја фатат без шминка, повторно не е добро и сите ја напаѓаат дека изгледа старо, чудно или грдо.
Затоа сака почесто да се шминка, но обожавателите навистина ги ценат и сакаат ваквите моменти!
Foto: kyliecosmetics/Instagram