Како 9-годишниот триатлонец Јован стана носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства?

Како 9-годишниот триатлонец Јован стана носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства?

Кога ученикот го надминува учителот, приказната вреди да се раскаже.

А 9-годишниот триатлонец Јован Кутаноски од Струга дефинитивно има инспиративна приказна за раскажување. Како вистински мултиталент, Јован претставува нова дефиниција за успех од најмали нозе.


Тој уште на 3 години го комплетирал својот прв триатлон, а денес е повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон. Меѓу останатите успеси, тој досега има освоено и прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига и прво место во триатлон на меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија.


Во видеото подолу тој зборува за неговата љубов кон спортот која била инспирирана од активностите на неговиот татко, кој воедно е и негов тренер и активен триатлонец. Јован инаку, е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“, преку која АСОМ доделува финансиска поддршка за развој на млади таленти од областа на спортот, науката и уметноста.

ПР објава

 

Можеби ќе ве интересира: