
Како без ацетон да отстраните лак од ноктите?
На одмор сте, а сте заборавиле да понесете ацетон со вас и немате како да го отстраните лакот од ноктите?
Вашиот проблем ќе биде решен доколку имате дезодоранс. Отворете го, напрскајте ги ноктите и веднаш додека е се уште моктро, со памукче отстранете ја бојата.
Доколку не се отстрани целосно, повторете ја постапката неколку пати. Но, исто така и со лак за коса можете да го отстраните лакот од ноктите.
Но, внимавајте, мора веднаш по прскањето да реагирате, бидејќи многу брзо се стврднува и суши. Постапката е иста како со дезодорансот, но овој пат користете тоалетна хартија или влажни марамчиња наместо памук, бидејќи лакот е леплив, па ќе ви биде тешко да ги отстраните остатоците од памукот.
Можеби ќе ве интересира:
