Како да го освоите срцето на секој знак во хороскопот!
Какви се хороскопските знаци во љубовта? Како сакаат да бидат освоени? Некои сакаат амбициозност, некои романтика, некои елеганција, а други се држат до традицијата.
Овен - бидете директни, тие нека одлучуваат, бидете авантурист и дајте им простор.
Бик - одете полека и одмерено, изгледајте добро, не играјте игри, бидете сигурни и верни.
Близнаци - флертувајте со нив, зборувајте им многу, дајте им простор, шегувајте се.
Рак - побарајте им помош, раскажувајте им, дружете се, бидете љубезни, грижливи и традиционални.
Лав - ласкајте им, покажете приврзаност, направете ги љубоморни, покажете им дека се забавувате со нив.
Девица - побарајте им помош, не глумете, покажете им дека имате здрав разум и бидете трпеливи.
Вага - дајте им слобода, слушајте ги, бидете убави и најдобар пријател во секое време.
Скорпија - бидете мистериозни, искрени и лојални, не им кажувајте што да прават, самите нека го направат тоа што го сакаат.
Стрелец - сакаат шеги, но и директност и искреност, флертувајте, но дајте им простор.
Јарец - покажете дека сте софистицирани и отмени, бидете внимателни и амбициозни, но не заборавајте на личниот простор.
Водолија - бидете единствени, станете им пријател, дајте им слобода и изненадете ги, не бидете премногу емотивни.
Риби - бидете романтични, прво викнете ги да излезат, разговарајте со нив, глумете недостижни.