Како да ме казнат кога ги плаќав сметките: Деми Ловато за односот со родителите

Како да ме казнат кога ги плаќав сметките: Деми Ловато за односот со родителите

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачката многу млада успеа да ги допре ѕвездите и да заработува што, помеѓу останатото, особено влијаеше и на динамиката на односот во нејзиното семејство...

Деми Ловато уште како дете стана голема ѕвезда, што како на неа, така и на нејзиното семејство секако им ја подобри финансиската ситуација. Меѓутоа, тоа лошо влијаеше на нивните односи, бидејќи повеќе не се знаело „кој е на кој родител“, а ова се обиде да го објасни Дру Баримор, која за време на своето растење се соочила со истиот проблем.

Бидејќи им „носела леб во куќата“, родителите со текот на времето ја изгубиле скоро целата контрола над неа, што од оваа гледна точка воопшто не ѝ се допаѓа, раскажа пејачката во поткастот „4D With Demi Lovato“.

„Забележував многу работи, бидејќи ја добив таа популарност и почнав добро да заработувам... Немаше прирачник за моите родителите, да го прочитаат, па да знаат: „Вака треба да растете познато дете“. Не се покажаа, да кажам така. Се сеќавам, на 17 години сакаа да ме казнат, а како кога јас им ги плаќав сметките?! Тешко ми е кога ќе се сетам какво дете бев, каков став имав, како се однесував“ - зборуваше Деми.

Меѓутоа, не застана тука.

„Од една страна, светот ве става на некое почесно место, па и самиот почнуваш да мислиш дека нема грешки и дека мора да бидеш посебен. А од друга страна, како што растев под светлата на рефлекторите, на своето семејство гледав како на... некои големи деца“.

„Мислам дека не е сè на обожавателите. Односот на детето и родителите во домот „пати“. Не е ни чудо да не прифаќаш ниту збор од некој со авторитет, кога за тебе и не е таква личност. Ти си некој кој има многу обврски, кој заработува многу пари и на некој начин, ти ги носиш сите одлуки...“ - се надоврза Дру, на која дури мајчинството ѝ помогнало да воспостави некои граници и норми.

„Јас, на пример, не знаев колку сум и всушност лута на мојата мајка“ - се надоврза потоа Деми: „А, тогаш ме грижеше совеста и одржувањето на тој однос ми падна многу тешко. Морав да се трудам толку многу“ - објасни.

„Ние две како долго да бевме... Другарки. Тоа, некако беше пријателски однос. Не бевме мајка и ќерка. Морав во еден момент одново да учам како да се однесувам кон неа, како кон моја мајка. Не ни одеше додека самата не сфатив сè шо требаше и ѝ пријдов како една возрасна жена, да ги средиме работите.“

„А, јас на моите деца, на пример, им кажав дека никогаш нема да им бидам пријател“ - на што ми се насмеаја и двете, климајќи со главата.

„Бидејќи, јас сум родител. Можеме да се сакаме, дружиме, да прави заедно работи, но јас сум родителите. Нема тука ништо лошо. Но, просто е, тоа мора да се знае. И така и треба да биде“ - заклучи таа.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: