Како одите? Има четири начини, а секој го открива вашиот потенцијал!
Држењето на телето открива за човекот многу. На пример, кога некој стои право покажува дека некој е динамичен и оптимистичен, додека накривеното држење, поточно кога личноста се потпира на едната нога, може да укажува на здодевност.
И по начинот на кој луѓето одат може многу нешта да се заклучат. Постојат четири основни групи.
Поголемиот број луѓе се комбинација по две наведени категории, но само една најчесто доминира, вели Пати Вуд, експерт за говор на тело.
# Возач
Доколку горниот дел од телото ви е во положба кон напред додека одите, а чекорот ви е брз, вие сте типичен возач. Бонус се работите кои додека одите, покрај користењето на мобилниот, размислувате како да решите некој проблем, правите планови...
„Доколку наидете на препрека на својот пат, ќе одите право низ неа или ќе ја заобиколите. Тоа значи дека доколку некој удрите додека одите, најверојатно нема премногу да се замарате, вели Пати Вуд.
Вие знаете како нешто да постигнете, многу сте продуктивни, логични и интелигентни. Луѓето ви се воодушевуваат иако сметаат дека можеби сте малку ладни во односите. Во вас тлее натпреварувачкиот дух, а огнената личност го извлекува најдоброто од вас.
Сепак би било добра малку да забавите, вели ескпертот. Застанете понекогаш, погледнете околу себе, помирисајте убав цвет кој ќе ви се најде на патот. Понекогаш погледнете ги луѓето кои поминуваат покрај вас во очи, потрудете се да ги поздравите оние кои ги знаете и ви се допаѓаат. Не мора постојано да работите, но луѓето ќе го ценат тоа бидејќи така ќе знаат дека сте пријателски расположени и имате многу позитивни карактеристики.
# Инфлуенсер
Овој тип на човек го карактеризира одењето со прстите кон напред, грбот и рамената се исправени, а главата високо подигната. Доколку покрај тоа, одите брзо, а чекорот ви е лесен, вие сте инфлуенсер. Додека одите, веројатно воспоставувате контакт со очите, се смеете и театрално ги поздравувате луѓето околу себе. Многу политичари и познати луѓе ги карактеризира ваквиот начин на одење - не може да не ги забележите.
Вие сте многу харизнатични и забавни, а со луѓето брзо се поврзувате. И додека тоа се добрите карактеристики, на некои им изгледа дека малку претерувате со сето тоа, а има и од оние кои се љубоморни зошто целото внимание е кон вас, покрај вас се чувствуваат незабележано. Но, вие не можете да си помогнете што „светлата на рефлекторите“ се секогаш во вас, каде и да се појавите.
Сепак, понекогаш би требало малку да подразмислите, вели Вуд, па размислете дали ви одговара во одреден момент да бидете во центарот на вниманието или би можеби би било попаметно да се држите настрана и да снимате.
# Поддржувач
Кај овој тип тежината е распоредена на нозете, а не на држењето на телото напред или назад. Одењето не е ни брзо ни бавно туку умерено, а движењата на телото се мирни. За време на одењето сте како инфлуенсерот, склони кон гестикулирање, соработување со другите луѓе, воспоставување на контакт со очи, но вие е мавтате со рацете ниту гласно поздравувате.
Вие сте повеќе заинтересирани за луѓето отколку за задачите, поважен ви е приватниот живот од кариерата. Се чувствувате задоволни кога сте дел од група и кога напредувате во семејниот живот или можеби во некој тимски спорт.
Ве прават среќни случајни телефонски разговори или разгледници од драги личности од далечни земји. Сепак, треба да бидете внимателни во друштво на возач и инфлуенсер бидејќи моеже да ве сметаат за послаба личност и да пробаат да ве искористат. Кога некој ќе пробате да импресионирате, потрудете се да останете фокусирани, советува Вуд.
# Коректор
Доколку вашиот чекор е лесен, а очите вперени во под, можно е да сте овој тип на човек. Одите полека и внимателно, како да се плашите дека ќе направите погрешен чекор. Рацете ви се во близина на телото, не мавтајте многу - како да се плашите од влегувањето во туѓ личен простор.
Додека одите, вие не користите мобилен, ниту се занимавате со пријателите кои одат со вас, доколку навистина не морате. Вие сте интровертна, пристојна личност и кон луѓето се трудите да се однесувате онака како што сакате и тие да се однесуваат со вас. Најверојатно имате малку проблеми со исполнувањето на желбите и емоциите, како да очекувате од другите сами да сфатат што сакате. Тоа кај другите може да предизвика збунетост, им делуте чудно.
Пробајте да дадете се од себе за да комуницирате повеќе со луѓето, дури и кога она што ќе го изговорите не е најљубезното нешто на светот. Пробајте на најдете најбезболен начин да се изразите, а при тоа да останете искрени - ќе се изненадите како животот ќе ви стане поудобен.