Каква мајка, таква ќерка: Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот во модно усогласени комбинации (ФОТО)

Каква мајка, таква ќерка: Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот во модно усогласени комбинации (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Двете изгледаа беспрекорно...

Британското кралско семејство вчера присуствуваше на посветената богослужба во Вестминстерската опатија, каде ги слушаа божиќните песни. Како и секогаш, Кејт Мидлтон беше во центарот на вниманието, но нејзината ќерка, принцезата Шарлот сепак го украде шоуто. 

Како и секогаш, принцезата од Велс беше беспрекорно облечена. Таа се одлучи за капут-фустан со миди должина во бордо боја. Комбинацијата ја заокружи со чевли на висока потпетица во бордо боја, со плик чанта и висечки обетки.

Сепак, како што рековме, Шарлот сепак беше ѕвезда на вечерта, а сите беа воодушевени од тоа што изгледаше како мини верзија на нејзината мајка Кејт.

Таа носеше бордо капут во слична нијанса како фустанот на Кејт. Под палтото се гледаа темните хулахопки и балетанки во иста боја.

Секако, пред нив две беа и Вилијам и Џорџ, кои се одлучија за костуми.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: