Камила Кабејо засрамена: Призна дека украла нешто од кралското семејство
Што зема Камила како сувенир?
Камила Кабејо неодамна беше во посета на кралското семејство, во палатата Кенсингтон, каде што живеат принцот Хари и Кејт Мидлтон, а сега јавно во гостување на радио призна дека нешто украла. Што кажаа Вилијам и Кејт за тоа.
Кога оваа недела Камила гостуваше на радиото Би - Би - Си 1 во емисијата „Breakfast with Greg James“, случајно помеѓу темите за кои зборуваа се најде и нејзината посета на кралското семејство минатиот месец. Таа посета била дел од доделувањето на награди кое го организира Би - Би- Си - „Teen Hero Awards“.
Испадна дека Камила заминала во палатата со нешто со кое не треба. Кога започнале да зборуваат за темата, таа го предупреди водителот: „Немој на никој да кажеш што направивме јас и мајка ми“, но водителот не можеше да си помогне. Бидејќи и тој бил заедно со Камила знаел што точно се случило и на сите им раскажал. Додека чекале да дојдат и да се запознаат со принцот Вилијам и Кејт, водителот на емисијата ја предизвикал Камила да украде нешто. Покрај нив имало пенкала, совршени за нешто такво - и Камила ги украла.
Иако тоа се само пенкала, пејачката тотално испаничила кога Џејмс им кажал на чуварите што направила. Од паника пенкалата ги ставила во торбата на мајка и. Таа сега се чувствува лошо поради тоа. Признала дека едвај спиела таа ноќ и сакала да му раскаже се на кралското семејство.
По тоа признание, на Твитер профилот на Кенсингтонската палата пристигнала објава како одговор на тоа признание, а изгледа дека кралското семејство не се лути. Се што имаа да кажат, кажаа преку едно емоџи.
"I am sorry William and I am sorry Kate" @KensingtonRoyal@GregJames may have got @Camila_Cabello into a bit of trouble at the Palace pic.twitter.com/aKArMdD04H
— BBC Radio 1 (@BBCR1) November 26, 2019