Кендал Џенер е во врска со кошаркарот Девин Букер: Дали работата е сериозна?

Кендал Џенер е во врска со кошаркарот Девин Букер: Дали работата е сериозна?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Кендал Џенер наводно има момче веќе некое време, а изгледа дека работата е сериозна.

Манекенката наводно е во врска со кошаркарот Девин Букер, а како што јавуваат американските медиумите, работата станува навистина сериозна.

„Таа е луда за Девин и смета дека нивната врска има иднина“ - почнува изворот за магазинот ОК.

„Засега се трудат да бидат незабележани и да не ја официјализираат врската, најмногу за да не си избаксузираат. Сепак, хемијата им е навистина силна и подготвени се за следниот чекор во односот“ - додава изворот.

За нивната врска првпат почна да се зборува во март оваа година, а наводно во повеќе наврати се видени заедно.

Иако изворот тврди дека помеѓу нив работите се прекрасни, врската ќе им биде на тест следниот месец, кога ќе почне новата сезона на НБА. Девин тогаш ќе мора да се врати на Флорида.

„На Кендал нема да и биде лесно тоа што ќе мора да биде разделена од Девин неколку месеци, но сега не е загрижена“ - наведува изворот и заклучува: „Таа е трпелива и верува дека помеѓу нив се ќе биде во ред“.

Инаку, изминатите месеци се шушкаше и дека Кендал се смири со Хари Стајлс, но сето тоа беа само гласини.

Може да ве интересира:

На фотографијата е една од најубавите жени на светот: Знаете ли која?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: