Кендал Џенер позираше во јакна од речиси 8.000 долари, сите ја исмејуваат: Изгледа како кеса за ѓубре! (ФОТО)

Кендал Џенер позираше во јакна од речиси 8.000 долари, сите ја исмејуваат: Изгледа како кеса за ѓубре! (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Познатата манекенка предизвика внимание со својот избор

Кендал Џенер, позната манекенка и член на познатото семејство Кардашијан-Џенер, стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, а сето тоа поради нејзиниот моден избор.

Кендал, всушност, замина на зимски одмор, од каде објави фотографии на кои позира во темни фармерки, носејќи шубара на главата, но најголемо внимание привлече нејзината јакна.


Таа носеше таканаречен темнозелен бомбер, а на многумина не им се допадна формата на јакната.

„Не многу атрактивна јакна“, „Вреќа за ѓубре“, „Изгледа како женски гради“, „Верувам дека е топло и удобно, но мене ми личи на дел од машки полов орган“ - беа само дел од коментарите. .

Извор: 24sedam.rs

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: