Ким Кардашијан ја пофали својата ќерка: Како Норт Вест го спаси фустанот за Мет Гала 2023 на нејзината мајка? (ВИДЕО)

Ким Кардашијан ја пофали својата ќерка: Како Норт Вест го спаси фустанот за Мет Гала 2023 на нејзината мајка? (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ким Кардашијан, на најголемиот моден настан „Мет Гала“ се појави во фустан на Скиапарели, украсен со 50.000 слатководни бисери кои беа обвиткани над нејзиното деколте и од колковите надолу. 

Меѓутоа откако го напушти модниот настан, кој се одржа на 1 мај, основачката на „SKIMS“ буквално морала да ги држи бисерите во раце, бидејќи долниот дел од нејзиниот фустан почнал да се распаѓа, а бисерите да се расфрлаат по земја.

Но, на свој начин, Ким како вистински професионалец се спаси со ова, смешкајќи им се на папараците додека влегуваше во хотелот Риц-Карлтон. Сепак, пред да заврши ноќта, таа призна дека нејзиниот моден избор бил малку проблематичен.

Додека зборуваше за „Вог“ на црвениот килим, Ким откри дека веќе очекувала дека нејзините бисери ќе се олабават и ќе почнат да паѓаат. Но, пред да го објасни својот моден несреќен случај, најпрво објасни дека со нејзината креација му одала почит на покојниот дизајнер Карл Легерфелд.

„Сакав бисери“ - кажа таа, а потоа додаде: „Помислиш, што е повеќе Карл? Исконските бисери на Шанел се она на што отсекогаш мислев, па сакавме само да бидам преплавена во бисери“.

Кога станува збор за неисправноста на нејзиниот фустан, таа истакна дека нејзината 9-годишна ќерка Норт Вест ѝ го спасила денот.

„Дел од бисерите почнаа да паѓаат уште кога одев кон галата. Ѝ реков на ќерка ми Норт да ги собере. Тоа се вистински бисери, а Норт ги собираше во својата чанта“ - изјави Ким за магазинот.


И додека Норт не успеа да се прошета на црвениот килим со нејзината мајка или тетките Кајли и Кендал Џенер, поради старосните ограничувања, таа сепак имала свој момент. Во пресрет на настанот, таа изгледаше шик во бела јака и топ со предимензионирани фармерки и црни чизми.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: