Ким Кардашијан сака да врати во мода тренд од 2000-тите: Вакви фармерки долго никој не носел
Ќе успее ли ова да го врати во мода?
Целата модна комбинација која ја носи потсетува на нешто што дошло од 2000-тите. И фармерките, но и маицата. Ким Кардашијан е модна икона, а ако посака да направи нешто популарно, тоа сигурно би и успеало.
Ким Кардашијан има тело какво што многу девојки сакаат и често го нагласува со облеката. Тесните модни комбинации се нејзин заштитен знак. Ретко кога ја гледаме во широки работи, а оваа комбинација е една од тие исклучоци. Папараците ја уловија во комбинација која изгледа како да пристигнала од 2000-тите.
Панталони, маица, чизми... Ким е во тема од глава до петици. Била на бејзбол натпревар кај својот син Сејнт, па тоа е објаснување зошто комбинацијата е толку лежерна. Сепак, нема објаснување зошто се одлучила за трендовите од 2000-тите. Дали ова е знак дека тоа се враќа во мода?
Фармерки кои се скроз искинати и предимензионирана маичка која виси на едно рамо. А, за работите да бидат комплетни, од под панталоните излегуваат тексас чизни! Секако, Ким изгледа одлично во таа комбинација. Одамна не гледаме толку често искинати фармерки, особено во толкава мера. Дали ќе се вратат во мода? И таа стана една една од познатите девојки кои престанаа да носат тесни фармерки.
фото: Принтскрин / Инстаграм