Кина со нова забрана: Малолетниците нема да може да играат видео игри по 22 часот
Кина ја продолжува својата борба против зависноста од видео игрите, па воведува нов закон, кој би можел да забрани на малолетните државјани да играат видео игри во период од 22:00 - 08:00 часот.
Тоа не е единствен закон кој го воведуваат. Како што наведува CNN, ќе им биде лимитирано времето на играње на дневно ниво. Во работните денови ќе може да играат 90 минути, додека за викендите и празниците по 3 часа. Сите денешни видео игри имаат разни виртуелни валути, со чија помош можете да купите разни козметички додатоци, како и разни добрувања. Со самото, сите млади од 16 години ќе може максимално да поседуваат до 200CNY, што изнесува околу 30 долари, а сите помеѓу 16 - 19 години максимално ќе може да вложуваат до 400CNY.
Уште едно интересно правило е забраната за играчите да креираат профили со своите псевдоними, бидејќи ќе мора да ги користат своите вистински имиња.
Кинескиот гејминг пазар е еден од најголемите во светот, па со самото тоа нивната влада пробува да помогне на најдобар начин да им помогне на младите за да внимаваат на своето ментално и физичко здравје.
Овие промени дефинитивно ќе се одразат на многу големи компании во Кина која се занимава со гејминг на различни начини, но сепак не би требало да се нанесе преголема штета. Според разни статистики, само 20% од корисниците од Кина всушност влегуваат во оваа категорија, додека се уште е помал бројот на луѓето оваа година кои трошат пари на игри. Овој закон дефинитивно ќе има свои бенефиции, бидејќи нема да ги загрози малиот раст.