Ќерка ми ми почина во моите раце, лекарите за чудо ја оживеаја
Девојчето старо една ипол година починало во прегратките на нејзината мајка Ники Видоусон откако ја удрил автомобил пред семејната куќа. Мајката вели дека тоа биле најболните моменти во нејзиниот живот. Малата Феит не давала знаци на живот четири минути. Но, се случило чудо - лекарите успеаја да ја вратат во живот.
Ова е исповед на нејзината мајка која после го цени уште повеќе секој момент поминат со нејзините четири деца.
Јас се викам Ники, имам четири мали деца, сите под десет години. Беше 23 јуни 2013 година. Тоа беше прекрасно неделно попладне што се претвори во најлош кошмар. Нема да го заборавам тој ден додека сум жива. Мислев дека игра во дневната соба, но ме фати паника кога сфатив дека ја нема. Трчав околу куќата обидувајќи се да ја најдам, а потоа погледнав низ прозорецот. Таа лежеше на патот.
Некако излегла од куќата и тргнала кон патот. Ја удрил автомобил. Почина во моите прегратки. Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Лежеше безживотно, беспомошно и срцето ми се скрши. Не даваше знаци на живот четири минути. Таксистот што ја удри брзо не возеше до болницата. Лекарите за чудо успеаја да ја вратат во живот. Тие ја ставија на уреди за одржување на животот и ја поврзаа со трансфузија.
Ја спасија. Имаше сериозно оштетен црн дроб и неколку скршени коски. Кога ги отвори очите неколку дена подоцна и ми се насмевна, знаев дека сè ќе биде добро. По излегувањето од болницата, таа не можеше да оди правилно или да ја држи главата исправена, исто така, имаше проблеми со голтање храна.
Ја одесовме на терапија која траеше една година и научи да оди повторно. Таа е вистински херој. Денес, е повторно среќно и весело мало девојче. И денес, поради сето ова, чувствувам дека не успеав како родител, дека ја разочарав затоа што не се грижев подобро за неа. Не знам како успеа да ја отвори влезната врата и да излезе од куќата, секогаш беше мирна и тивка, изјави таа за Дејли меил.
По неколку години, Хоуп денес изгледа сосема нормално и живее безгрижно со семјеството. Се уште чувствува мали болки кога се менува времето, но среќна е.
Извор: Дејли мејл