Ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски стана полнолетна: 18-ти роденден од бајките за Мелани (ФОТО)
Ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски вчера го прослави својот 18-ти роденден со голема забава
Имено Мелани стана полнолетна и имаше вистински роденден од бајките со своите најсакани роднини и пријатели.
Таа вчера настапи и на „Ѕвездите на Гранд“, каде и покрај прекрасниот настап, за жал не продолжи во следниот круг.
- Пред осумнаесет години на еден убав ден како денес, се роди најубавото девојче,со прекрасни сини очиња тие беа најубавите очи кои сум ги видела најубавото чувство, најсилната емоција и најнежното битие во мојот живот. Го направи нашиот живот убав, и со голема гордост ти посакуваме најубави желби во твојот живот. Среќна 18- ка принцезо наша. ДОБРЕДОЈДЕ во светот на возрасните- напиша нејзината мајка, познатата пејачка Соња Тарчуловска.