Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит збунува со изгледот: Долгата кратка коса ја замени со кратка фризура
По долго време, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло Џоли-Пит е видена во јавноста, а со својот нов изглед, ги збуни сите.
Иако поранешната актерска двојка, Бред Пит и Анџелина Џоли имаат шест деца, отсекогаш, најмногу се пишувало за Шајло Џоли-Пит.
Нивното прво биолошко дете, Шајло од двајцата ги има наследено најдобрите гени, а јавноста уште одамна се сложи дека е нивна совршена комбинација.
А, освен поради неверојатната убавина, за Шајло многу се пишува и поради фактот што ја збунува јавноста со својата наводна желба да биде момче, но и со промената на стиловите.
Имено, на првите премиери на својата позната мајка, преубавата Шајло се појавуваше во многу женствени изданија, фустани, со задолжителна шминка, за подоцна повторно да му се врати на момчешкиот стил.
Така беше и сега, кога по долго време се појави во јавноста, а многумина ги изненади фактот што својата долга коса ја има ишишано кратко. Многумина веднаш почнаа да зборуваат дека повторно решила да му се врати на момчешкиот стил.
Уште пред неколку години се пишуваше дека Шајло инсистира на тоа да ѝ се обраќаат со Џон, а за тоа јавно зборуваа и нејзините родители. Бред го откри тоа за време на едно гостување кај Опра, уште во 2008 година.
фото: Profimedia