Ќерката на Гоца Тржан, Лена наполни 17 години: „До крајот ќе бидам нејзина поддршка и безбедно засолниште …“
Ќерката на познатата пејачка Гоца Тржан наполни 17 години. По овој повод Гоца и посвети порака на својот Инстаграм профил.
Велат дека кога ќе родиш ќерка, ќе добиеш најдобар пријателка за цел живот. Хм … Таа има доволно пријатели, а и јас. Јас родив ќерка. Таа има мајка. До крајот на времето ќе сум нејзина поддршка, нејзин чувар, нејзино безбедно засолниште, нејзин обожавател, нејзината напорна мајка која секогаш има што да ѝ каже … И таа ќе биде мојата најголема љубов до крајот на времето. Среќен 17-ти роденден … Те сакаме засекогаш.
Инаку, Лана ја доби од бракот со Иван Маринковиќ со кој долги години не се во добри односи. Тој е познат ријалити играч и неодамна се ожени со Јелена, а Гоца е долги години во брак со Раша.
Фото: Инстаграм