Ќерката на Хедер Локлир денес има 22 години: Сличноста со познатата мајка е неверојатна

Ќерката на Хедер Локлир денес има 22 години: Сличноста со познатата мајка е неверојатна

Објавена во: Совети // Семејство

22 - годишниот модел Ава Самбора, ќерката на познатите родители - мајка и е актерката Хедер Локлир, која ја паметиме по улогите во сериите „Melrose Place“ и „Династија“, а татко и е познатиот американски гитарист Ричи Самбора, кој свиреше во бендот на „Бон Џови“.

Ава со својата најнова објава ја воодушеви јавноста, бидејќи на фотографијата е облечена во маичка, која нејзината мајка првпат ја носеше во 2000 - тата, а на неа се наоѓа логото на бендот во кој свиреше нејзиниот татко. Малата Ава тогаш имала само две години.

Освен заедничкиот моден стил, русокосите мајка и ќерка не кријат колку се поврзани, а многумина ја забележаа и неверојатната физичка сличност.

Инаку, Ава среде пандемијата дипломираше на универзитетот Loyola Marymount, па можно е мајка и да и ја подарила оваа маичка, која во ова семејство има големо значење.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: