Ќерката на Хит Леџер имаше 2 години кога тој почина: Порасна и буквално е копија на нејзиниот татко - сите се шокирани колку личи на него!
Папараците ја „уловија“ холивудската актерка Мишел Вилијамс во друштво на нејзината ќерка Матилда на улиците на Њујорк, што е вистинска реткост. Тинејџерката ретко се појавува во јавноста, а бидејќи нејзиниот татко е покојниот Хит Леџер, кој беше една од најголемите ѕвезди во Холивуд во своето време, интересно беше да се види во каква девојка таа порасна.
За опуштена прошетка во Големото јаболко, Мишел Вилијамс избрала тренди кошула-фустан во боја на кајсија со интересен принт во зеленикаво-кафени тонови, а изданието го комплетираше со кафени, кожени сандали и зелена, плетена чанта.
Матилда, која Мишел ја доби од бракот со Леџер, се одлучи за многу поопуштено издание, како што и доликува на нејзината млада возраст, во спортски бели панталони и бела памучна маичка. Комбинацијата ја заокружила со црни патики и црна, платнена јакна, а секако сите погледи беа вперени во нејзиното лице - кое буквално е пресликано од она на нејзиниот татко!
Да потсетиме дека Хит Леџер почина во 2008 година на 29-годишна возраст поради погрешна и, како што се испостави, фатална комбинација на лекови. Матилда, неговото единствено дете, тогаш имала само две години, а пораснала во младо девојче кое физички наликува на својот татко неодоливо.
Оваа 18-годишна девојка многу личи на нејзиниот татко ја има истата коса, усните и пределот околу очите со боја на песок, иако сигурно наследила некои од карактеристиките на нејзината мајка. Нејзиниот дедо Ким, таткото на Хит, за „The Project“ изјави дека и таа по карактер наликува на нејзиниот славен татко.
Таа наследи огромен број негови карактеристики. Многу е љубопитна, ја има неговата енергија. Таа ја има истата топла енергија и ја зрачи истата аура што ја имаше Хит, и тој беше некако таков, па навистина е фантастично“, истакнал тој.
Инаку, извор близок до семејството еднаш нагласи колку Мишел се трудела да го одржи Хит во живот во очите на нивната ќерка.
„Таа знае колку ја сакаше Хит. Секогаш е полна со прашања, сака да знае сè за нејзиниот татко. Да не зборуваме колку неговото семејство ја сака и секогаш има отворена врата за неа", додал изворот, откривајќи дека Матилда е гениј во шахот, исто како што беше Леџер.
Фото: Инстаграм
Извор:Zena.blic.rs