Ќерката на Карлеуша ја покажа собата: Доколку се прашувате како сама го декорирала своето катче - одговорот е тука
Сѐ е во розова боја, а Атина очигледно мислела на секој детаљ...
Атина Тошиќ, ќерката на познатата пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, откри како изгледа еден дел од нејзината соба во новата куќа на Дедиње и покажа како самата украсила едно катче, за кое што многумина ја прашуваа.
Како што е познато, Карлеуша и Тошиќ неодамна ја купија оваа вила за 3 милиони евра, од Драган Стојовиќ Пикси, која ја реновираа за нивниот нов дом да биде украсен по нивен вкус. Собата на Атина е завршена, а таа покажа како изгледа.
Атина на ТикТок сподели видео и покажа како изгледа нејзината осба. Сѐ е во розова боја, а еден детаљ на сите им падна во око и многумина се прашуваа од каде има најдено такви „тапети“.
Имено, над креветот на Атина се наоѓа колаж во розова боја, како тапет, а ќерката на Јелена и Душко сама го направила тоа. Таа споила неколку разгледници и фотографии и ги залепила на ѕидот над креветот, па така во својата соба внесе и свој печат.
@atinatosic Pink wall collage ##fyp ##viral ##foryoupage ##pink ##wall ##collage ##aesthetic ##foryou
original sound - ()