Ќерката на Мелита Ракичевиќ славеше матура: Со модниот избор потсетува на српската пејачка Теа Таировиќ (ФОТО)

Ќерката на Мелита Ракичевиќ славеше матура: Со модниот избор потсетува на српската пејачка Теа Таировиќ (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Наследничката на познатата водителка сподели и една семејна фотографија...

Ќерката на познатата водителка Мелита Ракичевиќ славеше матура. Имено, младата Барбара на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии на кои гордо позираше во модниот избор кој го имаше направено за овој ден - комплет од здолниште и топ во златна боја со светки.

Нејзиниот избор дефинитивно е ин, а за тоа може да се уверите на Инстаграм профилот на познатата српска пејачка Теа Таировиќ, која често носи вакви модни комбинации.

Но, она што на сите особено им го привлече вниманието беше една од фотографиите која Барбара ја сподели. Имено, на неа позира таа покрај своите родители - мајка ѝ Мелита и татко ѝ Владимир Соме Ракичевиќ, со кој ретко споделува фотографии.

Инаку, Барбара едно време беше водителка во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и кога сите мислеа дека ќе тргне по стапките на нејзината мајка, таа се предомисли и сега почна да се занимава со пеење.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: