Ќерката на Никол Кидман и Том Круз: Не зборува со нив и живее далеку од очите на јавноста-Сега објави своја фотографија и изгледа вака

Ќерката на Никол Кидман и Том Круз: Не зборува со нив и живее далеку од очите на јавноста-Сега објави своја фотографија и изгледа вака

Објавена во: Мода // Moj стил

Изабела Кидман Круз, посвоената ќерка на Том Круз и Никол Кидман, се држи подалеку од очите на јавноста - и не е ни во контакт со нејзините познати родители.

Никол Кидман и Том Круз ја посвоија ќерката Изабела и нејзиниот брат за време на нивниот брак.

Денеска живеат во Лондон, а Изабела во неколку наврати за медиумите изјави дека не е во контакт со родителите, што беше прикажано и на денот на нејзината венчавка, кога не присуствуваа ниту Никол, ниту Том.

Како причина за нејзиното несогласување со Никол, Изабела го наведе своето членство во Скиентолошката црква, каде што е активен член и организатор.

На својот Инстаграм профил најчесто објавува цртежи и природа, но понекогаш ги изненадува своите следбеници со некои селфиња.


На последната фотографија Изабела е со кратка фризура и кафена коса, а досега веќе покажа дека сака да експериментира со нови и различни фризури и бои за коса.

Познатите родители Никол и Том ја посвоија во 1992 година, како и нејзиниот биолошки брат Конор Круз, кој денес има 28 години. Поранешните сопружници се разведоа во 2001 година по повеќе од десет години брак, а Бела тогаш имаше само осум години. На почетокот тие го делеле старателството над децата, но со години се шират гласини дека Бела и Конор целосно се оддалечиле од Никол, бидејќи како и нивниот татко ја практикуваат контроверзната скиентологија.

Имено, Никол не е член на Скиентолошката црква и затоа не смее да се дружи со нејзините членови, бидејќи нивното верување тогаш би го спречило нивниот духовен раст.

(Showbuzz.hr)


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: