Коди Симпсон проговори прв: Откри детали за разделбата со Мајли Сајрус

Коди Симпсон проговори прв: Откри детали за разделбата со Мајли Сајрус

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Пејачката Мајли Сајрус, по разделбата со Лиам Хемсворт, започна врска со пејачот и актер Коди Симпсон, која траеше помалку од една година. Веќе знаеме дека Мајли умее да биде скандалозна и дека тоа можеби и била главната причина за разделбата со Лиам, но дали е ист случајот и во врската со Кодич. Досега не се зборуваше поради што се разделиле, но во своето најново интервју, Кдои открива детали од нивната разделба.

„Во тој период веќе ја знаев многу долго, но како некоја хипер - креативна личност. Прво бевме добри пријатели, па потоа бевме заедно кратко време. Сè се заврши прилично добро, без голема кавга, и претпоставувам дека тоа беше само една од тие фази. Поминувате низ такво нешто и учите многу работи“ - кажа Коди.

Од декември минатата година, Коди е во врска со супермоделот Марлоес Стивенс, додека Мајли моментално ужива како сингл девојка, без партнер и сè повеќе се фокусира на својата кариера.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: