Кога ќе се разбуди прво плаче од болка: Во новото видео, Селена Гомез открива колку е сериозна нејзината состојба

Кога ќе се разбуди прво плаче од болка: Во новото видео, Селена Гомез открива колку е сериозна нејзината состојба

Објавена во: Мода // Moj стил

Популарната американска пејачка и актерка, Селена Гомез е една од ѕвездите кои се многу активни на социјалната мрежа ТикТок, а бидејќи и самата е љубител на туторијали, одлучи со своите обожаватели да сподели како ја негува кожата на лицето.

Таа ја покажа својата рутина и кои производи ги користи за да има чиста и блескава кожа, но ова видео не привлече внимание, бидејќи Селена ги откри тајните на својата убавина.

На нејзините следбеници им падна во око тоа што рацете ѝ се тресат, особено во моментот кога става мицерална вода.

@selenagomez

PSA I got most of these products free. I ain’t just rolling like that everywhere. Use any serum to take off make up before washing. It breaks it up nicely. Also use a sponge to wipe eyes to treat eyes delicately when removing make up. K I’m done pretending I know what I’m taking about.

Never Be Me - Miley Cyrus

Пејачката не сакала оваа ситуација да остане нејасна, па откри што стои зад нејзиното треперење на раката.

„Се тресам поради лековите за лупус“ - напиша таа и додаде дека секако не е професионалец.

Селена Гомез отворено зборуваше за својата борба со лупус, поради која во 2017 година морала да оди на трансплантација на бубрег. Таа деталите од својата борба ги сподели во документарната серија, во која се гледа и моментот кога во 2020 има кажано:

„Кога се будам наутро, прво почнувам да плачам, бидејќи сѐ ме боли.“

Поради својата болест, Селена мора цел живот да биде на терапија, а во меѓувреме ѝ било дијагностицирано и биполарно пореметување. Како што истакна, најлошо се чувствувала на музичките турнеите, кога била насочена на работата и поминувала многу време сама.

„Најтешко ми беше на турнеите. Тогаш знам да бидам осамена, депресивна и анксиозна. Пред да излезев на сцена, имав панични напади, а некош тоа ми се случуваше и кога ќе се симнев од сцена“ - раскажа пејачката.

Ккао што објасни, тешко ја поднела новата дијагноза и мислела дека тоа е крај на нејзиниот живот.

„Сепак, сега се чувствувам многу подобро и живеам ден по ден“ - кажа таа, па додаде:

„Открив дека моето биполарно пореметување и јас имаме однос. Тој никаде нема да замине. Се трудам да ми стане пријател. Мислам дека тоа беше потребно за да станам ова што сум сега и морам да се борам. Но, навистина сум среќна. Мирна сум. И лута сум. И способна. И полна со сомнежи. Тоа е работа која трае. Јас сум доволна. Јас сум Селена“ - порача таа во својата серија.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: