Кога последен пат сте ја измиле четката за коса?! Кога ќе ги видите нечистотиите што ги собира, ќе почнете редовно да го правите тоа

Кога последен пат сте ја измиле четката за коса?! Кога ќе ги видите нечистотиите што ги собира, ќе почнете редовно да го правите тоа

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако секојдневно користиме четка за коса, ретко кој ја чисти редовно...
На четките за коса, од време на време им е потребно добро чистење, иако често забораваме да ги исчистиме на вистинскиот начин. Токму валканите четки би можеле да бидат причината поради која косата ви се мрси почесто од обично.
Колку маснотии, остатоци од различни производи за стилизирање на коса има на неа, а да не зборуваме за насобраните влакна.
Фризерите истакнуваат дека е важно своите четки да ги чистите секој ден - макар и да ги тргнете влакната и да ја измиете четката со врела вода, за да се избегне насобирањето на штетни бактерии. А, убавото миење би требало да го практикувате барем еднаш неделно, или на секои две недели.
Во видеото во продолжение, погледнете како треба правилно да ги исперете:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: