Кога првпат добив менструација со Мартина Баракоска: Тоа беше радосен момент
Мартина Баракоска, девојката од Дупер, искрено и без влакна на јазикот ни го раскажа своето менструално искуство, но и даде неколку совети кои сигурно ќе ти помогнат да ги пребродиш деновите за време на менструацијата.
# Кога прв пат доби менструација?
Јас не памтам точно, ама мајка ми вика дека сум имала 11 и пол години :)
# Како го доживеа моментот на првото добивање, на кого прво му се обрати, што ти се смени по тој момент…
Бидејќи имам постара сестра го доживеав многу природно (како што и треба да биде), а прво се обратив кај мајка ми. Искрено го памтам како радосен момент.
# Од кого добиваше најмногу совети за менструацијата?
Од мајка ми и сестра ми.
# Што е важно да знаат младите девојки за менструацијата, твои трик совети како излегуваш на крај со ПМС?
Важно е да не се срамат од тоа во својата околина и да зборуваат отворено на таа тема. Мој трик совет е многу јадење пред добивање, поголема активност за да биде помалку болно и најважно од сѐ - хигиена.