Кога првпат добив менструација со Ксенија Николова: Имав непријатно искуство со нередовна менструација
Ксенија Николова, писателката која со својот пишан збор ги разнежнува срцата на тинејџерките, се отвори на една „табу“ тема. Таа ни го раскажа своето менструално искуство, но и даде неколку совети кои сигурно ќе ти помогнат да ги пребродиш деновите за време на менструацијата.
#Кога прв пат доби менструација?
Добив малку подоцна од моите врснички, некаде кон крајот на осмо одделение, почеток на прва година, на 14 или 15 години.
# Како го доживеа моментот на првото добивање, на кого прво му се обрати, што ти се смени по тој момент...
И’ се обратив на мајка ми, а го доживеав сосема нормално. Очекував да добијам, сакав да добијам, ми беше важно да ми се случи тоа за да знам дека растам.
# Од кого добиваше најмногу совети за менструацијата?
Од мајка ми, се разбира, но и од соучесничките со кои поминуваме низ истото.
# Што е важно да знаат младите девојки за менструацијата, твои трик совети како се соочуваш со ПМС?
Редовноста на менструацијата е многу важна и треба сериозно да ја сфатат, затоа што истата може да резултира други проблеми. Јас го имав тоа непријатно искуство и затоа посочувам. Посетување редовно гинеколог, информирање и водење хигиена. И опуштеност, се разбира. Релаксираност и опуштеност, без стрес, без фокус на негативното.