Кои се најлајкуваните фотографии на познатите ѕвездички за 2019 година?
Тие се трендсетерки во вистинска смисла на зборот. Мартија Станојковиќ, Лина Пејовска и Антониа Гиговска со својот стил оставаат свој печат кај младите, а често на аутфитите на тинејџерките се забележува дека се инспирирани токму од нив.
Секоја од нив има свој стил и секоја е впечатлива на свој начин. Мартија често знае да износи интересен фустан, без разлика дали станува збор за фустан со животински принт или пак со циркони. Лина е повеќе насочена кон спортскиот стил. За разлика од неа Антониа си игра со спортско - елегантна варијанта и дефитивно одлично ги износи патиките кои беа апсолутен хит оваа сезона.
Но, дали некогаш сте решиле да проверите која нивна фотографија има најмногу лајкови? Не грижете се, не мора да го правите тоа, зошто ние го направивме за вас. Во продолжение погледните која фотографија од 2019 година на Инстаграм кај секоја од овие три тин - ѕвезди има најмногу лајкови.
# Мартија, која има повеќе од 60.000 следбеници најмногу лајкови има на фотографија од летниот одмор. На истата позира во бикини и „собра“ 10.417 лајкови.
# Лина има повеќе од 57.000 следбеници, а нејзината најлајкувана фотографија има 10.846 лајкови. Одличниот мејк ап, спортскиот аутфит, како и прекрасната насмевка со гаранција се главните виновници за оваа бројка.
# Кога се следбениците во прашање, Антониа дефитивно води. Со скоро 90.000 следбеници, најлајкуваната фотографија на младатата пејачка има 16.585 лајкови. Иако на оваа фотографија ги нема тренди патиките по кои е препознатлива, тексасниот комбинизон дефитивно ги освои сите.