Кој хороскопски знак најдобро се бакнува ?
Овен
Овој знак прво ги прави работите, па потоа размислува за последиците. Затоа не бидете изненадени ако некој Oвен од нигде никаде дојде и ви подари страстен бакнеж.
Бик
Бикот бакнежите ги започнува со нежно допирање на усните, а потоа ги претвора во доживување од соништата. Бакнежите се нивното тајно оружје.
Близнаци
Близнаците уживаат во кратки и слатки бакнежи зачинети со по некоја заводлива фраза.
Рак
Ракот е сентиментален по природа и кога бакнува, тоа го прави со цело срце. Затоа нема да се впушти во тоа доколку не е сигурен дека и другата страна го сака тоа.
Лав
Лавовите прават сè како на филмовите, па затоа не треба да ве чуди и што се бакнуваат филмски. Сакаат да се фалат и затоа воопшто не им сметаат бакнежи во јавност.
Девица
Можеби изгледа како Девиците да не сакаат да трошат време на бакнување, но тоа е бидејќи имаат милион работи во нивната глава. Кога еднаш ќе ве бакнат, тоа ќе биде бакнеж за паметење.
Вага
Можеби Вагите се најромантичниот знак кога станува збор за бакнување. Уживаат во тоа и се многу великодушни.
ШкорпијаШкорпиите се темпераментки и се бакнуваат страстно, затоа еден бакнеж е доволен за да ве освојат.
Стрелец
Стрелците сонуваат за голема љубов, па затоа не се препуштаат на бакнежи доколку не се сигурни дека љубовта е возвратена.
Јарец
Јарците се самоуверени, фокусирани на моментот и сакаат да им угодат на партнерите, затоа не им е проблем да го прилагодат бакнежот во стил кој најмногу им одговара нив.
Водолија
Уживааат да играат игри на заводување, затоа и уживаат во првиот бакнеж. Тој на почеток ќе биде нежен, но ќе препасне во бакнеж на векот.
Риби
Долгите и страстни бакнежи кои се памтат со недели им се омилени на Рибите.Тие уживаат во секој момент од бакнувањето.