Која беше најголемата љубов на Принцот Вилијам пред Кејт Мидлтон?
Иако постојано се под лупата на медиумите, приватниот живот на кралското семејство често останува неоткриен. Сепак приказната за поранешната девојка на принцот Вилијам, успеа да излезе во јавноста. Според пораталот MarieClaire, пред врската со Кејт Мдлтон, принцот Вилијам имал бурна љубовна врска со девојката Арабела Масгрејв.
Наводно врската со Арабела тој ја прекинал во 2011 година и тоа само неколку недели пред да ја започне врската со својата сегашна сопруга Кејт Мидлтон.
Извори блиски до двојката наведуваат дека во тоа време принцот размислувал и да го напушти школувањето заради Арабела, за што побргу да започнат заеднички живот.
Приказната за поранешната љубов на принцот ја откри Кејт Никол, новинарката кој ја пишуваше биографијата за животот на кралското семејство.
Кејти во својата биографија откри многу детали од љубовниот живот на принцот и Арабела, како заедничките забави кои Вилијам ги организирал во подрумот на палатата на принцот Чарлс на кои Арабела секогаш била гостинка.