Колку чини најскапиот хамбургер на светот: 17 интересни факти за омиленото јадење на младите
Зарем еден хамбургер навистина вреди толку пари?
Хамбургерот на многумина им е омилено јадење и тоа толку што би можеле секој ден да го јадат. Навистина се вкусни, а воедно се и една од најпознатата опција, кога е брзата храна во прашање.
Хамбургерите не се измислени неодамна, бидејќи се смета дека се стари и повеќе од 120 години, но сигурно не знаеле колку ќе порасне нивната популарност неколку години подоцна. Тоа е само еден од интересните факти за хамбургерите, а постојат уште многу. Некои се малку изненадувачки, како на пример цената на најскапиот хамбургер на светот, но сето тоа и уште многу други факти можеш да дознаеш токму во овој текст.
# Најголемиот хамбургер на светот има повеќе од 1.000 килограми.
# 60 проценти од сите сендвичи кои се продаваат на светот се хамбургери.
# McDonald's секоја секунда отприлика продава по 75 хамбургери.
# Називот Хамбургер во Америка го донеле германски имигранти, а е смислен по нивните хамбуршки стекови.
# Се смета дека првиот хамбургер е измислен на самиот почеток на 20-от век.
# Од најголемиот хамбугер на светот се најале околу 10.000 луѓе.
# McDonald's е место каде се продаваат најмногу хамбугери во целиот свет.
# Најкалоричниот хамбугер на светот содржи дури 9.982 калории.
# Веге хамбургерите не толку здрави колку што сите мислат.
# Една жена држи светски рекорд, бидејќи за само 27 минути изела хамбугер кој тежи скоро 5 килограми.
# Хамбугерот настанал така што еден човек на својот работник му направил сендвич од мелено говедско месо, кое денес ни е попознато како плескавица.
# Американците јадат најмногу хамбугери од сите други жители на светот.
# Првиот хамбугер го продавале за помалку од 5 денари по парче.
# Во Америка постои и музеј посветен на хамбургерит, а се вика „Hamburger Hall of Fame“.
# Моментално најскапиот хамбугер на светот чини околу 5.300 евра.
# Хамбургерите во рекламите изгледаат совршено, бидејќи воопшто не се испечени, туку на нив се ставаат посебни бои за да изгледаат така.
# Најскапиот хамбугер на светот е претставен и смислен во 2013 година, што и не е толку одамна.
фото: unsplash.com