КОЛОР РАН ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ПРЕРАСНУВА ВО НОВА СКОПСКА ТРАДИЦИЈА ОДРЖАН КОЛОР РАН 2022 ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ
Во прекрасна атмосфера, со мноштво бои, насмевки, прегратки и честитки за први подвизи и нови рекорди, се одржа КОЛОР РАН 2022 во ИСТ ГЕЈТ МОЛ.
На првиот КОЛОР РАН учествуваа над 3000 учесници, навивачи и публика. На ТРКАТА УНИКА – долж реката Вардар на 10км учествуваа професионални натпреварувачи, на ТРКАТА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – од 2,5км учествуваа екипи за тим билдинг, а децата истрчаа 500 метри.
Оваа трка е посебна затоа што може да учествуваат и професионалци и почетници, индивидуалци, друштва и семејства, како и децата од 2 до 12 години. Трката стартуваше на улица Беласица пред Ист Гејт Мол, а тркачите имаа маестрален финиш низ светлиот долг булевар на Ист Гејт Мол се до амфитеатарот каде се доделуваа медалите.
Сите учесници се забавуваа со исфрлување на природни бои во воздухот кои се користат како симболика на успехот и животната енергија на сите КОЛОР РАН трки во светот.
Осигурителното друштво УНИКА и КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА доделија награди на најбрзите натпреварувачи во женска и машка категорија.