Комбо на денот: Антониа Гиговска како инспирација што да облечете за дочекот на Новата година
Уште едно одлично модно издание на пејачката...
Антониа Гиговска речиси никогаш не греши, кога е модниот избор во прашање. Секогаш е средена од глава до петици, а на една од нејзините последни фотографии носи комплет, кој може да ви послужи како инспирација за дочекот на Новата година.
Станува збор за панталони и сако од сатен, кои совршено паѓаат на телото, а кои младата пејачката ги искомбинира со високи потпетици во зелена боја и интересен ѓердан. Испегланата коса и шминката само ја збогатија оваа одлична комбинација.
фото: Принтскрин / Инстаграм