Комбо на денот: Блогерката Јанева во издание кое секоја девојка ќе посака да го носи оваа пролет
Она кога ќе ги споиш удобноста и она што е во тренд...
Познатата македонска блогерка Софија Јанева е една од оние блогерки кои освен на модата, голем акцент ставаат и на локациите кои ги посетуваат. Така, на нејзиниот профил ќе најдете многу фотографии на кои модната комбинација ѝ паѓа во втор план, бидејќи таа секогаш ги истакнува убавините на природата или на градот кој го посетува.
На една од последните фотографии, таа е фотографирана на Пониква, и иако повторно повеќе е доловена природата, сепак нејзината комбинација не можеше да остане незабележана. Идеална е за деновите од пролетта и сигурни сме дека секоја девојка ќе посака да ја носи на себе.
Станува збор за темни тренди фармерки, бела кратка маица и топла карирана кошула во сиви, црни и бели нијанси. Целиот изглед го заокружи со црна мала чанта, црни чизми и црн качкет.
фото: Принтскрин / Инстаграм