Комбо на денот: Џеј Ло во најмодерните панталони на сезоната - безвременски модел кој не излегува од мода
Џенифер Лопез ги прошета најмодерните панталони на сезоната...
Латино дивата Џенифер Лопез не престанува да нѐ воодушевува со своите модни избори. Важи за голем љубител на модата, својот стил го градеше со годините, иако веруваме дека денес не се гордее со изданијата од почетокот на кариерата. Сепак, Лопез напредуваше, а за тоа докажуваат и нејзините изданија низ последните неколку години.
Дека новите трендови и совремнеи дизајнери се погрижија панталоните со широки ногавици оваа сезона да изгледаат модерно, кежуал и кул, докажува и моделот во бежова боја, која Џенифер ги носеше неодамна.
Овој пат таа играше сигурно и избра совршена комбинација, во која високите потпетици за кои се одлучи пејачката, може да ги замените со некои поудобни обувки.
фото: Принтскрин / Profimedia