Комбо на денот: Џејла Рамовиќ во црно од глава до петици - изглед идеален за дочекот на Новата година
Младата пејачка Џејла Рамовиќ воодушевува со својот изглед каде и да се појави...
Така, на една од емисиите во кои гостуваше, по повод објавувањето на новата песна, се појави во црна комбинација.
Класични црни панталони, црн елек и црно сако кое ѝ беше само префрлено на рамениците е одлична комбинација која може да ја искористите како инспирација за новогодишната вечер. Целата комбинација ја заокружи со минималистичи накит и црни високи потпетици.
фото: Принтскрин / Инстаграм