Комбо на денот: Ивона Јо во лежерна комбинација која сигурно ќе ја ископирате за следната прошетка во парк

Комбо на денот: Ивона Јо во лежерна комбинација која сигурно ќе ја ископирате за следната прошетка во парк

Објавена во: Мода // Moj стил

И секојдневната комбинација знае да ја направи впечатлива...

Иако сега сите зборуваат за фотографиите со кои пејачката Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо им го честиташе Денот на жената на сите дами, ние решивме на нејзиниот Инстаграм профил да пронајдеме модна инспирација.

Со оглед на тоа што викендот се наближува, а со него и прошетките во парк, на нејзиниот профил најдовме инспирација за вашата следна лежерна модна комбинација. Станува збор за едно издание, кое пред сѐ е удобно, а во кое ќе изгледате скоцкано и секако, во кое нема простор да останете незабележани.

Станува збор за комбинација составена од фармерки, дуксер со интересен принт, а кога се деталите во прашање, Ивона целиот изглед го разигра со впечатливите розово-бели чорапчиња, поради кои сме сигурни дека нема шанси да останете незабележани.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: