Комбо на денот: Изгледот за на планина на Лина Пејовска во кој нема шанси да останете незабележани
Опуштено, а сепак модерно издание - Лина знае како!
Лина Пејовска, последните денови од зимата ги поминува на снежниот Копаоник, каде што ужива во сите благодети кои ги дава зимата, а особено ужива во скијањето.
Од таму секојдневно споделува фотографии, а со последните навистина ги освои сите. Го покажа својот изглед за на планина, за кој мора да признаеме дека нема шанси да останал незалежан.
Имено, Лина на себе носи црни хеланки, бел дуксер, бели топли чизми и бела капа, а особено внимание привлекува со жолтата јакна, која дефинитивно е одличен избор за студените ноќи на планина.
фото: Принтскрин / Инстаграм