Комбо на денот: Кики од „Дајте музика“ со тренди изглед идеален за постудените денови од годината
Знае да избере модна комбинација за секоја прилика...
Младата ѕвезда од детската емисија „Дајте музика“, Кики Мукаетова е идол на многу тинејџерки. Нејзиниот стил на облекување, но и начин на живот, секоја млада девојка внимателно го следи, а често нејзините модни комбинации може да ги видиме и на многу други девојчиња на нејзина возраст.
Така, сега инспирирани од нејзиниот профил на Инстаграм, но и од моменталната временска прогноза, решивме да ви издвоиме една нејзина комбинација која е идеална за многу прилики. Може да ја носите на прошетка, на кафе со пријателите, на смеен ручек...
Составена од фармерки од темен тексас, бели патики и впечатлива јакна во кафена боја, под која носи џемпер, исто така во кафена боја.
фото: Принтскрин / Инстаграм