Комбо на денот: Ким Кардашијан во комбинација која сигурно ќе ја гледаме насекаде оваа пролет
Оваа комбинација ја износи неколку пати...
Иако секогаш сме навикнати да ја гледаме скоцкана од глава до петици, Ким Кардашијан некогаш знае да изненади и да сподели фотографии на кои носи кежуал комбинации.
Токму тоа, од почетокот на годината го направи дури два пати - првиот на средината на февруари, а вториот за роденденот на нејзината ќерка Чикаго.ж
Станува збор за комбинација составена од шармерки со широки ногавици и маица на кратки ракави, која е идеален изборот за сончевите пролетни денови.ж
Дека ваквите комбинации постојано ќе ги гледаме насекаде не се сомневаме, бидејќи што и да облече Ким, веднаш станува тренд.
фото: Принтскрин / Инстаграм