Комбо на денот: Лара Ивановска на „Златна бубамара“ заблеска во тиркизно издание
Лара заблеска на големата сцена...
Вчера се одржа 26-тото издание на најголемото доделување на награди во Македонија, „Златна бубамара на популарноста“. Како и во изминатите години, така и оваа, голем број познати личности се појавија на сцената, но и во публика, со цел да ја проследат оваа манифестација која со години го весели народот.
Дека „Златна бубамара“ знае да им даде ветар во грб и на младите пејачи, говори и фактот што помеѓу првите, тие ја наградија пејачката Лара Ивановска, на која ѝ го доделија признанието „Најперспективна пејачка“.
Лара на сцената се појави поубава од било кога, и со тиркизната комбинација, составена од панталони и топ ги освои сите присутни. Косата ѝ беше извиткана во благи бранови и пуштена, а високите потпетици и минималниот накит само го заокружија целиот изглед.
Овој нејзин изглед, веруваме дека ќе им послужи како инспирација на многу матурантки, кои оваа година се подготвуваат за најлудата вечер во нивниот живот.
фото: Принтскрин / Инстаграм